Sunday, March 17, 2013

Реакција при земјотрес


http://www.interworks.com.mk/images/bullit.gif
Како да се постапи во случај на земјотрес?

Секој ден во светот се случуваат илјадници земјотреси, но само мал дел од нив може да се почуствуваат од страна на луѓето без помош на електронски уреди и софистицирана опрема за геолошко истражување. Уште помал дел се опасни и се доволно силни за да предизвикаат матерјални штети и да го загрозат животот на луѓето. Не постои ефикасен систем за предупредување за земјотреси затоа разбирањето и спроведувањето на безбедносните мерки за претпазливост се од клучно значење и се потребни со цел да се минимизира ризикот од оваа опасноста.

http://www.interworks.com.mk/images/bullit.gif
Мерки кои треба да се превземат пред настанувањето на земјотресот

Постојат многу нешта кои семејствата, поединците и вработените можат да ги направат како подготовка во случај на земјотрес. Еве неколку од нив:
  • Да се постават брави на сите ормани со цел да се спречи нивно отварање за време на земјотрес
  • Да се користат неподвижни полици во кујната, бањата, креденците, плакарите и сл.
  • Тешките предмети и стакларијата да се чуваат во долните полици за да не станат опасни проектили за време на земјотрес
  • Да се обнови осигурителната полиса за да може соодветно да ги покрие трошоците за изградба, за обнова на покуќнината и обнова на здравствените полиси
  • Дополнително да се обезбедат- осигураат големите апарати за домаќинство како што се бољери, фрижидери, клима уреди и сл. со екстра нитни или ремени
  • Да не се ставаат тешки уметнички дела, полици и огледала над креветите
  • Дополнително да се прицврстат полиците со книги, уметничките дела, монтираните телевизори и другите предмети со цел да издржат колку е можно поголемо тресење
  • Да се подготви итен комплет со нерасиплива храна, флаширана вода, копии на важни документи (изводи од родените, документи за осигурување и сл.), кутија за прва помош и сл и да се складираат на место кое ќе биди достапно за време и по земјотресот
  • Да се научат сите членови од семејството, организацијата како да се однесуваат во случај на земјотрес

http://www.interworks.com.mk/images/bullit.gif
Мерки кои треба да се превземат за време на земјотрес

Земјотресите може да траат од неколку секунди до неколку минути и затоа е многу важно да се знае како да се реагира за време на земјотрес затоа што тоа знаење може да помогне да се спречи да настанат поголеми повреди. Еве како треба да се реагира веднаш штом се почуствува земјотрес:
  • Најважниот елемент е да не се создаде паника, да се остане смирен и разумно да се размислува. Веднаш се бара сигурна локација како што се маса, биро и се прилегнува(засолнува) под нив и се заштитува лицето и главата со рацете со цел да се заштити од некои летечки објекти. Ако во просторијата нема мебел ниту пак биро или сл тогаш веднаш се легнува на подот се прекриваат лицето и главата со рацете и се отползува до ќошот од собата. Може да се застане и под касата од врата доколку со сигурност знаеме дека под неа и над поминува некој бетонски носач или столб и секогаш треба да се засолниме што подалеку од прозори или опасни предмети. Се останува внатре се додека тресењето не престане.
  • Да не се користат лифтови или скали за време на земјотрес, истражувањето покажало дека повеќето повреди настануваат кога луѓето се обидуваат да се преместат од една просторија во друга или се обидуваат да го напуштат објектот
  • Ако сме на отворено се останува таму што сме, подалеку од улични светилки, згради, објекти и сл
  • Ако се наоѓаме во автомобил се запира возилото што подалеку од електрични столбови, улични светилки, мостови, надвозници или други потенцијални опасни локации и се останува во него се до престанокот на опасноста. Потоа се продолжува претпазливо и се избегнуваат патиштата, мостовите и надвозниците кои се оштетени за време на земјотресот
  • Ако сме затрупани под урнатините најчесто постои опасност од истекување на различни гасови и плинови затоа не е препорачливо да се пали чкорче кибрит или запалка, да не се движиме наоколу затоа што може да се крене прашина повеќе отколку што е и да се загушиме во самата прашина, да се прекрие устата со некое марамче или парче од облека и да пробаме да чукаме на некоја цевка или на ѕидот за да може спасувачите да не најдат. Може да се користи и свирче ако имаме на располагање. Ако неможиме да направиме ништо од претходното тогаш се почнува да се вика како последно средство затоа што со викањето можеме да вдишиме поголема количина на прашина.

http://www.interworks.com.mk/images/bullit.gif
Мерки кои треба да се превземат по земјотресот

  • Се оддалечуваме од објектот на сигурно место и се очекува нов бран на земјотрес кој може да биде и со поголем интензитет од претходниот
  • Се преминува кон давање на помош на повредените лица
  • Се проверува структурното оштетување на објектот и ако тоа е забележливо не се влегува во него
  • Се препорачува да се носат чевли постојано во случај да нагазиме на некој остар предмет или скршено стакло
  • Се исчистуваат сите истурени и извалкани лекови, се собираат сите запаливи средства(бензин, запаливи течности и сл)
  • Се напушта областа ако се осети мирис на плин или друг гас
  • Се исклучува електричната, гасоводбата и други инсталации
  • Се оставаат телефонските линии достапни и спремни за итна употреба
  • Потребна е трпеливост затоа што во зависност од јачината на земјотресот потребни се часови а можеби и денови за да се обнови функционирањето на сите потребни служби
Земјотресите може да предизвикаат и дополнителни итни случаи и непогоди и затоа треба да бидеме подготвени за:
  • Цунами ако се наоѓаме во некои крајбрежни области
  • Свлечишта или лизгање на земјиштето или калта ако се наоѓаме во некои планински региони
  • Пожари настанати од искри од оголена електрична инсталација или пак пожар настанат од протекување на некои гасови или плинови
  • Поплави ако се оштети некоја брана или ако некоја река се пренасочи
Овие опасности воглавно се јавуваат како секундарна опасност во зависност од тоа каде е настанат земјотресот и со колкава јачина е истиот и затоа е потребно да се превземат и превентивни заштитни мерки за истите.

http://www.interworks.com.mk/images/bullit.gif
Како заклучок

Земјотресот може да биде застрашувачки настан, но превземајќи соодветни превевентивни безбедносни мерки, во одредена мера може да се лимитира дејството на овој застрашувачки настан преку внимателно планирање, организација и споведување на процедурите за итни постапки во случај на опасност со што ќе се зголеми безбедноста на луѓето и објектите.

No comments:

Post a Comment